Полицијата во сојузната американска држава Алабама објавила налог за апсење на НБА-ѕвездата Демаркус Казинс поради заканите што ги упатил кон мајката на својот син Кристи Вест.
Казинс се оженил минатата сабота, а имал голема желба на венчавката да присуствува и неговиот седум годишен син. Желбата не мија исполнила мајката на детето.
Потоа тој во телефонски разговори и се заканил.
„Ќе се погрижам да ти ставам куршум во таа е…а глава“…
Откако Кристи Вест ги пријавила заканите полицијата покренала налог за негово апсење. Сигурно е дека барем малку Казинс ќе биде зад решетки, а се очекува случајот да има судска разрешница.
Казинс по завршувањето на сезоната од Голден стејт Вориорс се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, но неодамна доживеа тешка повреда на коленото поради која ќе ја пропушти наредната сезона.