Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација Босна и Херцеговина доживеал тешка сообраќајна несреќа, јавија локалните медиуми. Сообраќајаната несреќа се случила во близина на Требиње.
Спахиќ бил хоспитализиран во локалната болница, но според медиумите треба со хеликоптер да биде префрлен во болницата во Сараево.
Спахиќ е роден во 1980 година во Дубровник, започнал да игра фудбал во Краина од Цазин, а потоа се преселил во Челик од Зеница каде го забележал професионалното деби во 1998 година.
Настапувал за Дубровник, Загреб, Шиник, Торпедо, Локомотив Москва, Монпелје, Севилја, Анжи, Баер Леверкузен и ХСВ.
За националниот тим на Босна и Херцеговина одиграл 94 натпревари и постигнал шест гола.