Top Sport

Кјелини со сериозна повреда на коленото, го очекува подолга пауза

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини ги скинал лигаментите на десното колено и ќе мора да оди на операција, по што следува долга пауза (најмалку три месеци), а можеби и крај на кариерата.

Јувентус ја потврдија веста вечерва, објавувајќи дека тој се повредил на денешниот тренинг, а сериозноста на повредата ќе биде проценета по операцијата, но вообичаено се работи за пауза од 3 до 6 месеци.

„Во текот на денешниот тренинг, Џорџо Кјелини доби повреда на коленото, и по проверките се откри отекување на лигаментот и во наредните денови тој ќе оди на операција“, се вели во соопштението.

Ова е сериозен удар за актуелниот шампион пред дуелот со Наполи во сабота. 35-годишниот Кјелини претходно имаше мускулни проблеми, но ова е прва повреда на коленото.

Scroll to Top