Top Sport

Атлетик ја добија „Битката за Баскија“ (Видео)

Атлетик Билбао во баскиското дерби ги победија Реал Сосиедад 2-0. Дербито се одигра во рамките на третото коло во Ла Лига, а Сосиедад го доживеаја првиот пораз од почетокот на сезоната.

Фудбалерите на Атлетик беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, а прашањето околу победникот го решија во воведните 30 минути.

Убава акција и грешката на левиот бек на Сосиедад во 11 минута му донесоа предност на Атлетик. Андер Капа нафрли, а голот го постигна Инаки Вилијамс.

Во 28 минута преубав гол, со помош на голманот Моја, постигна ветеранот Раул Гарсија.

Атлетик имаат седум бода и се наоѓаат на делба на првата позиција со Севилја.

Scroll to Top