Серхио Агуеро и Џејми Варди блескаа во победите на Манчестер сити , односно Лестер во четвртото коло во Премиер лигата. Колото мина во знакот на авто-голот на Курт Зума поради кој Челси освоија само бод против Шефилд Јунајтед, додека ВАР им одзеде бод на фудбалерите на Астон Вила против Кристал Палас.
Бранителите на титулата во Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер сити без проблеми го победија Брајтон. Де Брујне по 70 секунди игра постигна гол, пото два пати прецизен беше Агуеро, а точка на мечот стави Бернардо Силва. Сити на овој меч останаа без Лапорт кој се повреди во првиот дел и на носилки беше изнесен од теренот.
Челси го имаа мечот против Шефилд во свои раце но на крајот продадоа два бода. Абрахам, како и во минатото коло постигна два гола со кои Челси имаа 2-0 по првиот дел. На стартот од второто полувреме Робинсон намали на 2-1, а во претпоследната минута Зума со несмасна реакција им овозможи на гостите од Шефилд да освојат бод на „Стенфорд Бриџ“.
Џејми Варди од почетокот на сезоната игра во голема форма. Тој со два гола придонесе во победата на Лестер над Борнмут 3-1.
Вест Хем ја забележаа втората победа во низа. „Чеканите“ со головите на Алер и Јармоленко го совладаа Норич со 2:0.
Ају во минатото коло постигна гол против Манчестер Јунајтед, а беше стрелец и против Астон Вила ова попладне. Инаку ВАР и поништи гол на Вила во 97 минута.