Top Sport

Барселона ја одбрани титулата на Супер Глоуб, блескаше Циндриќ

Ракометарите на Барселона предводени од Лука Циндриќ ја освоија титулата на неофицијалното светско клупско првенство, Суепр Глоуб. Претходно третото место им припадна на ракометарите на Вардар.

Барелона во финалниот меч, со пресврт го победија германскиот тим Кил 34-32 (15-17).

Германските беа подори на теренот речиси 40 минути, имаа два гола предност на полувреме, потоа и водство 20-23, но Циндриќ и Барселона мечот го заклучија со серија 14-9.

Поранешниот играч на Вардар и Кјелце, Циндриќ натпреварот го заврши со 11 гола. Циндирќ вистинска поддршка во нападот доби од Исланѓанецот Палмарсон кој постигна седум гола.

Барселона ја одбрни титулата освоена минатата година, а ова вкупно беше петта титула на Супер Глоуб за екипата од Каталонија.

Scroll to Top