Австралиската тенисерка, Ешли Барти сензационално е елиминирана во осминафиналето на последниот годинешен гренд-слем, САД – Опен. Барти претрпе тежок пораз со 2-0 (6-2 и 6-4) од 18-тата на ВТА листата, кинеската тенисерка Кианг Ванг.
Иако Барти важеше за голем фаворит на натпреварот, одигра анемичен меч и за 83 минути игра доживеа елиминација. Ова за Барти е прв пораз досегашните дуели против Ванг.
Првата носителка на турнирот, Наоми Осака ноќеска експресно ја елиминираше младата Кори Гуф со 2-0 (6-3 и 6-0).
Турнирот заврши и за Естонката Контавеит која го предаде мечот против Швајцарката Бенчиќ.