Top Sport

Вчера Иџе беше трет, денеска втор на Имола во Италија

Македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе имаше одличен викенд во Италија.

По вчерашното трето место на првата трка, денеска го поправи пласманот и повторно се избори за пиедестал, овојпат како втор.

Џакомо Гвидети го помина Стефановски во последните неколку метри од трката, но одговорните проценија дека тој направил прекршок, го удри автомобилот на Иџе, па поради тоа заработи казна од една позиција. Тоа му одговараше на македонскиот возач кој трката ја заврши како втор.

Победник на денешната трка во Имола беше Салваторе Тавано кој е прв и во генералниот пласман во ТЦР шампионатот на Италија.

Scroll to Top