Top Sport

Мајорка на Трајковски врза два порази, Валенсија ги среди на „Местаља“

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски денеска со својата Мајорка повторно беше поразен во шпанската Примера. Валенсија на „Местаља“ стигна до првата победа во сезоната против мајорка, резултатот на крајот на мечот беше 2-0.

Трајковски во игра влезе на средина на вториот дел при резултат 2-0 за „лилјаците“.

Интересно е тоа што Валенсија двата гола ги постигна од пенал. Стрелец на двата гола беше ветеранот Дани Парехо. Првиот гол го постигна во 43, а вториот во 57 минута.

Ова за Мајорка беше втор пораз во низа, откако минатиот викенд загуби на домашен терен со 0-1 против Реал Сосиедад.
В
о следното коло, Мајорка го пречекува Атлетик Билбао, а Валенсија и гостува на Барселона.

Scroll to Top