Тотенхем водеше со 0-2, Арсенал извлече реми. Вака во една реченица може да се опише дербито на северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем кое заврши со поделба на пленот 2-2.
Гостите први поведоа на мечот преку Ериксен уште во 10 минута. Во 40 минута Кејн од пенал носи убедливи 0-2 за „спарси“.
Преполовување на предноста на гостите донесе Лаказет во последните моменти од првиот дел.
Во второто полувреме Обамејанг во 7 минута погоди за 2-2. Во вториот дел „топчиите“ имаа дури 17 удари кон противничкиот гол, наспроти петте на Тотенхем, но мечот заврши со поделба на бодовите.
Во првиот денешен натпревар во Премиерлигата, Евертон на својот стадион со 3-2 го совлада тимот на Вулверхемптон благодарение пред се на Ричарлисон кој постигна два гола.