Јувентус на последниот ден од преодниот рок се засили со напаѓачот на Каљари, Хан Кванг-Сон, кој доаѓа на едногодишна позајмица со опција за купување.
20-годишниот Кореец дојде во Каљари во 2015 година, а две години подоцна стана првиот фудбалер од Северна Кореја кој настапил во Серија А. Јувентус подолго време го следат неговиот развој и беа блиску до трансфер во јануари 2018 година.
Хан последните две сезони ги помина како позајмен фудбалер во втората лига, во Перуџа, постигнувајќи 11 гола во 39 настапи. Во Јуве, тој најверојатно ќе игра за У-23 тимот на „бјанконерите“ во Серија Ц.
UFFICIALE ✍ | Han Kwang Song è un nuovo giocatore bianconero!
L’attaccante della Corea Del Nord arriva dal Cagliari. Benvenuto! ⚪⚫#WelcomeHan pic.twitter.com/CcjfPHg3ro
— JuventusFC Youth (@JuventusFCYouth) September 2, 2019