Top Sport

ПСЖ го доби Навас, Реал го замени со Ареола

Костариканскиот голман Кејлор Навас го комплетираше трансферот од Реал Мадрид во Пари Сен-Жермен за 15 милиони евра, додека Алфонс Ареола ќе замине на „Бернабеу“ како позајмен фудбалер.

32-годишниот Навас дојде во Реал од Леванте во 2014 по импресивниот настап на Светското првенство во Бразил. Навас освои три титули од ЛШ, една од Ла лига и два трофеи од УЕФА Суперкупот со Реал, а во 2017/18 беше прогласен за најдобар голман од УЕФА.

о, тој го загуби првото место во тимот со доаѓањето на Тибо Куртоа од Челси и сега Ареола ќе биде негова замена. Французинот доаѓа на едногодишна позајмица без опција за купување. 26-годишниот Ареола помина неколку години во младинскиот тим на ПСЖ пред во 2013 да дебитира за клубот.

Scroll to Top