Top Sport

Топ 10 трансфери ова лето, најскап е Жоао Феликс

Трансферот на Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид е рекорден во летниот преоден рок што заврши синоќа. Атлетико на почетокот на летото ја активираше клаузулата за откуп и на Бенфика и платија 126 милиони евра за 19 годишниот фудбалер.

Жоао Феликс во Атлетико стигна како замена за Антоан Гризман. Момчето има неверојатен талент, а дури и неговиот славен сонародник Кристијано Роналдо му предвидува голема кариера. Во неделата го постигна првиот гол во Ла Лига за Атлетико, во победата на неговиот тим 3-2 над Еибар. Воодушеви на подготовките особено на натпреварот со Реал (7-3) кога си поигра со противничките одбранбени фудбалери.

Антоан Гризман со задоцнување од една година пристигна во Барселона. И пред светското првенство тој се поврзуваше со Барса, во последен момент ја смени одлуката и реши да остане во Атлетико. Ова лето го реализираше трансферот во Барселона за 120 милиони евра. Очекувањата се дека ќе формира пеколно трио во нападот со Меси и Суарез. Кариерата во Барселона не му почна најдобро, тимот има освоено само четири бода во првите три кола, а Гризман на два од трите натпревари одигра лошо.

Трет најскап трансфер летово е онај на Еден Азар од Челси во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ издвои 100 милиони евра, а Азар ја исполни желбата да игра во славниот клуб каде тренер е неговиот идол Зинедин Зидан. Азар е повреден и се уште нема дебитирано на официјален меч за новиот клуб.

Хари Мегваер е првиот дефанзивец на оваа листа. Англискиот репрезентативец од Лестер пристигна на „Олд Трафорд“ за рекордна сума од 87 милиони евра. Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот треба да ја консолидира одбраната на Јунајтед. Тој е еден од најдобрите одбранбени играчи во Премиер лигата, иако многумина сметаат дека не вреди за парите што „црвените ѓаволи“ ги издвоија за него.

И следните двајца на оваа листа се играчи од одбраната. Матијас Де Лихт се поврзуваше со Барселона, но на крајот заврши во Јувентус. Ајакс од трансферот заработија 85,5 милиони евра. Инаку Де Лихт една недела беше најскапиот дефанзивец во светот, а птооа рекордот го сруши Мегваер. Дебитираше против Наполи во Серија А и нема по добро да о памети дебито, Јуве среќно славеа 4-3.

Лукас Ернандес, светскиот првак со Франција, уште во јануари го договори трансферот од Атлетико во Баерн. Баварците ја активираа откупната клаузула од 80 милиони евра. Ернандез има 23 години и светла иднина пред себе, подеднакво добро може да игра како лев бек и како централен дефанзивец.

Арсенал летово го срушија клупскиот трансфер рекорд. За 80 милиони евра од Лил пристигна Николас Пепе. Арсенал ја доби трката со Наполи за овој фудбалер. Пепе уште од почетокот воспостави добра комуникација со Обамејанг и Лаказет.

Френки Де Јонг Ајакс го замени со Барселона. И овој трансфер, како оној на Ернандез беше договорен на почетокот на годината. 75 милиони евра издвоија Каталонците за 22 годишниот фудбалер, кој треба да претставува светла иднина на клубот.

Манчестер сити не купуваа многу ова лето, но сепак потрошија значителна сума на пари. Пеп Гвардиола издвои 70 милиони евра за Родри од Атлетико Мадрид. „Новиот Бускетс“ како што го нарекуваат во Шпанија иимаше одлична сезона во Атлетико што му беше доволна препорака за трансфер во редовите на англисите шампиони.

Жоао Кансело ја затвора Топ 10 листата на најскапите играчи ова лето. Португалецот од Јувентус се пресели во Манчестер сити. „Граѓаните“ за него платија 30 милиони евра и го испратија во Торино Данило кој е проценет на 35 милиони евра, поради што трансферот изнесува 65 милиони евра.

Scroll to Top