Клубовите од петте најсилни европски национални првенства, во летниот преоден рок, потрошиле дури пет милијарди фунти на ангажирање на нови фудбалери.
Најмногу пари, според воспоставената пракса во изминатите години, потрошиле Англичаните, 1,45 милијарди фунти. Оваа сума англиските клубови ја потрошиле до 8 август кога на Островото заврши преодниот рок.
Шпанците во нови играчи вложиле нешто помалку пари, 1,24 милијарди фунти. Оваа сума е двојно поголема од она што шпанските клубови потрошиле во 2017 година.
Клубовите од Серија А, Бундес лигата, Лига 1 ги собориле националните рекорди во трошењето на трансфер пазарот.
Најголеми трансфери ова лето.
1. Жоао Феликс – Атлетико Мадрид 126 милиони евра
2. Антоан Гризман – Барселона 120
3. Еден Азар – Реал Мадрид 100
4. Хари Мегваер – Манчестер Јунајтед 87
5. Матијас Де Лихт – Јувентус 85