Top Sport

Ивана Шпановиќ нема да скока во Доха

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ нема да учествува на Светското првенство во Доха. Една од најдобрите во светот, во дисциплината скок во далечина, се повреди минатиот викенд на митингот во Берлин.

Од таборот на Шпановиќ потврдиле дека светската и европска шампионка во скок во далечина покрај Светското првенство во Доха нема да учествува ниту во финалето на Дијаманстката лига.

Нејзиниоот тренер рекол дека со тоа што Шпановиќ ја одбранила титулата на Европското првенство во сала биле исполнети целите за оваа година.

Светското првенство во Доха ќе се одржи од 27 септември до 6 октомври.

Scroll to Top