Победата која пред два дена им ја подарија на кошаркарите на САД остави трага врз репрезентативците кои денес не успеаја да ја победат Чешка и да го продолжат во осмина-финалната група на Светското првенство во Кина.
Турција загуби од Чешка 76:91 (16:22, 19:21, 25:23, 16:25). Од Е-групата Чесите заедно со САД ќе продолжат во наредната фаза. Турците во групата успеаја да ја совладаат само Јапонија.
Чесите и без својот најдобар играч јан весели играат добра кошарка на ова Светско првенство. Турците од друга страна уште долго ќе го вртат во главите мечот со САД и испуштената можност за победа над фаворитот.
Чесите го контролираа мечот од самиот почеток, без многу мака одржуваа разлика од шест до осум поени, а максималната предност ја достигнаа во финишот кога беше јасно дека Турција не може да победи.
Чесите на крајот имаа петмина играчи со двоцифрен број на постигнати поени (Хрубан 18, Балвин 17, Ауда 16, Бохарик 15, Саторански 11). Кај Турција се истакнаа Осман, кој постигна 24 поени и кој поради две неспортски грешки пред време го заврши мечот, односно Коркмаз со 16 и Махмотиглу со 14 поени.