Алжирецот Фаузи Гулам го продолжи договорот со Наполи до 2022 година, потврди калчолигашот.
Претходниот договор на Гулам важеше до крајот на сезоната, а клубот му понуди нова соработка иако тој поради повредата на лигаментите ќе паузира неколку месеци.
Италијанските медиуми објавија дека годишно Алжирецот ќе заработува 3,5 милиони евра, а откупната клаузула изнесува 35 милиони евра.
Овој 26-годишен фудбалер, кој игра на позицијата десен бек, веќе пет сезони е во Наполи, тој претходно играше за Сент Етиен. За Наполи има одиграно 151 натпревар и има постигнато два гола.