Годината завршува одлично за Симона Халеп. Романската тенисерка влегува во 2018 како светска тенисерка број 1 во лов на својата прва гренд слем титула, а веќе беше прогласена за најуспешна Романка во 2017 и влезе во најбогатите топ 300 од нејзината земја.
Тенисот, очигледно, не е нејзината единствена вештина, откако Романката, инаку страствен навивач на Стеауа, покажа што знае и со фудбалска топка! Во коментарот таа објаснува дека броела до 83, што е навистина повеќе од импресивно.
Симона Халеп е најуспешната Романка, Цириак повторно е најбогатиот