Top Sport

Клатенбург не застанува: Си заминав од Премиер лигата поради Мурињо

Англискиот фудбалски судија, Марк Клатенбург, вели дека знаел дека треба да си замине од судењето по „карањето“ од страна на Жозе Мурињо.

Клатенбург, кој беше во центарот на вниманието оваа недела со изјавата дека ги „оставил“ Тотенхем сами да ја загубат титулата дербито со Челси, во февруари се повлече од позицијата на судија во Премиер лигата, за да стане шеф на судиите во Саудиска Арабија.

42-годишниот Клатенбург дебитираше во ПЛ во 2004 година, и вели дека мечот во јануари 2017 меѓу Манчестер јунајтед и Стоук сити бил одлучувачки да го убеди дека е време за заминување. Во тој натпревар Вејн Руни го сруши рекордот на Сер Боби Чарлтон како најдобар стрелец во Јунајтед, но мечот заврши 1:1 и Мурињо решил да влезе во конфликт со него.

„Бев судија во мечот кога Вејн Руни го сруши рекордот на Чарлтон и Мурињо дојде во мојата соблекувална незадоволен од удар со рака кој не го досудив пенал за нив. Излегов на тој терен во Стоук, на тој најстуден стадион, каде што секогаш е влажно и мизерно, а никогаш не е лесно да бидеш судија на Манчестер јунајтед. Тоа што тој дојде во мојата соблекувална за нешто што бев во право ми внесе немир и сомнеж. Возев дома 300 километри мислејќи дека направив голема грешка, но на крајот се прашав: ’Дали сакам да бидам дел од ова?’ Решив дека не сакам веќе да трпам такви работи“, вели Клатенбург.

Клатенбург: Го пуштив Тотенхем сам да ја загуби титулата (видео)

Scroll to Top