Top Sport

Бос: Обамејанг е ужасен, Реал ич не го сакаат!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Бос се пошегува дека Пјер-Емерик Обамејанг е „ужасен играч“ во обид да се намали интереснот на Реал Мадрид да го донесат Габонецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Дортмунд денеска гостуваат во Мадрид, а Обамејанг е поврзуван со европските шампиони како и со многу други тимови во Англија, посебно по дисциплинските проблеми кои ги имаше со тимот на Борусија. БВБ во Мадрид мораат да одат на победа ако сакаат да си гарантираат место во Европа лигата, бидејќи веќе се елиминирани од ЛШ.

„Уф, тој е ужасен играч, многу лош, не вреди за Реал Мадрид“, изјави Бос пред новинарите во Мадрид.

„Секако, се шегувам. Ви го кажувам тоа бидејќи сакам да остане. Тој е одличен играч и има квалитет да игра за Мадрид, иако се надевам дека ќе остане тука“, вели Бос.

Холанѓанецот е под притисок, бидејќи Дортмунд имаат само една победа во последните 11 натпревари – во германскиот куп против третолигашот Магдебург. Реал Мадрид исто така е во „криза“, со осум поени заостанување во Шпанија зад Барселона, но Бос вели дека нема споредба.

„Ние сме во тешка фаза и потребен ни е добар меч. Ова не е меч само за поени, туку и за самодоверба. Ако Реал е во криза, каде сме ние?“, се прашува Бос.

Обамејанг повторно прави проблеми во Дортмунд

Scroll to Top