Репрезентативецот на Ерменија, Александре Карапетијан, го нарече „срамно“ однесувањето на Леонардо Бонучи на вчерашниот натпревар Ерменија-Италија (1-3).
Фудбалерот на Сочи во 11 минута го постигна водечкиот гол на натпреварот, но до крајот на полувремето беше исклучен поради два жолти картони.
Вториот жолт картон му беше покажан бидејќи со лакт го удрил по лицето Бонучи, меѓутоа снимката ги покажува актерските способности на искусниот Италијанец.
„Почитувам се што си постигнал во својот фудбалски живот, но ова е срамно“, напишал Карапетијан на својот профил на „Инстаграм“.