Top Sport

В сабота натпревар во спортско едриличарство

Првиот „Бланик Куп“, натпревар во прецизно слетување со едрилици в сабота ќе се одржи на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово. Натпреварот е во организација на Воздухопловната федерација на Македонија и Аеро клубот Куманово и со него се означува историски момент – обнова на лига во спортско едриличарство.

По пауза од повеќе од 15 години, македонските едриличари од целата држава повторно ќе се натпреваруваат и ќе ја претставуваат земјата на овој несекојдневен спортски настан. Овој настан воедно ќе поттикне нови генерации на пилоти на едрилици и инструктори по едриличарство.

Од нашата држава ќе учествуваат 11 пилоти, а најавени се екипи од Словенија, Србија, Црна Гора и БиХ.

Едриличарската репрезентација оваа сезона учествуваше на повеќе Куп натпревари во околните земји со цел да ги повикаат пилотите да дојдат да се натпреваруваат во нашата земја.

Натпреварите на спортскиот аеродром во Куманово в сабота ќе започнат во 9.30 часот.

Scroll to Top