Top Sport

Тебас: Би сакал Роналдо и Мурињо да се вратат во Ла Лига

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјавил дека би сакал повторно да ги види во Шпанија Кристијано Роналдо и Жепзе Мурињо.

Роналдо минатото лето замина од Реал и Ла Лига, додека Мурињо и покрај сите шпекулации што го поврзуваа со Реал и понатаму е без ангажман.

„Би сакал Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо да се вратат во Шпанија. Жозе е одличен тренер верувам дека на вистинскиот начин би ја промовирал нашата лига“, рекол Тебас.

„Да бидам искрен мислев дека заминувањето на Роналдо нема да влијае врз нас. Сепак, не е така“.

Инаку, Мурињо оваа сезона наместо на тренерското столче ја започна како стручен коментатор на „Скај Спорт“.

Scroll to Top