Top Sport

Владе Дивац влезе во „Куќата на славните“

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс, легендарниот Владе Дивац денес стана четвртиот Србин кој ја добил честа да стане член на кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд, САД. Пред него „жители“ станаа Дражен Далипагиќ, професорот Александар Николиќ и поранешниот претседател на ФИБА Бора Станковиќ.

Дивац е еден од првите европски кошаркари кој замина во НБА-лигата. Во 1989 година стана член на Лос Анџелес Лејкерс. Вкупно во НБА одиграл 13 сезони за Лејкерс, Шарлот и Сакраменто. Кариерата во најсилната лига во светот ја завршил со преку 13.000 поени, преку 9.000 скока, преку 1.500 блокади и преку 3.000 асистенции.

„Кога започнував да играм кошарка никогаш не се надевав дека ова ќе биде врвот, сега мие драго што се случи ова. Влегов во одбрано друштво“, рекол Дивац пред свечената церемонија.

Со репрезентацијата на Југославија освоил златни медали на две светски и три европски првенства, а има и две сребра од Олимписките игри, како и бронзени медали од две европски и едно светско првенство.

Дивац истакнал дека желбата му е Србија да го освои златото на СП во Кина, што за него бил бил најубавиот подарок за влезот во „Куќата на славните“.

„Предмалку се слушнав со Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ. Ми честитаа. Им кажав дека не примам подароци. Само злато. Момци, донесете ми златен медал!“, рекол Дивац, а потоа се фотографирал со Дино Раџа, кој минатата година влезе во „Куќата на славните“.

Scroll to Top