Американскиот „ЕСПН“ признава дека Србија предводена од Никола Јокиќ ја игра најдобрата кошарка на Светското првентво во Кина, дури и пред нивните САД.
Во анализата на досегашните случувања на Мундијалот, Џереми Ву вели дека најдобриот центар во НБА лигата, Јокиќ ја прави Србија посебна.
„Не знам дали е фер да ги прогласам САД како фаворити, дури и кога тимот е ’млак’, но сите мораат да внимаваат на Србија. Не е вест дека се тие силни, но сега се главни фаворити за прекинување на доминацијата на САД. Тие ги разнесоа Ангола и Филипините, лесно поминаа преку Италија и останува да е види дали можат да го заддржат тој ритам. Јокиќ покажа зошто стана доминантен играч во НБА на својот специфичен начин и во моментов е незапирлив во Кина“, вели Ву.