Српската кошаркарска легенда Владе Дивац беше најзвучното име меѓу новите 11 члена на Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд, заедно со Џери Вест, човекот кој го донесе Дивац во лигата во драфтот во 1989 година.
„За мене кошарката секогаш била за љубовта. Верувам дека љубовта ти дава слобода и моќ да го извлечеш максимумот и да ги инспирираш другите. Подготвеноста да ризикуваш да дознаеш нешто ново му дозволи на Џери Вест да ми го оствари сонот и да го почне процесот на трансформација на НБА од американск сон во најголемиот кошаркарски бренд на светот“, изјави Дивац.
Дивац е 15-ти член на Сакраменто кингс кој влегува во Куќата на славните, и втор по Мич Ричмод од ерата кога тимот е во калифорниската престолнина. На церемонијата присуствуваше неговиот поранешен соиграч од југословенската репрезентација, Хрватот Дино Раѓа, како и Крис Вебер, легендата на Сакраменто.