Top Sport

Американците ги „сотреа“ Грците, на крајот за малку инцидент (видео)

Американската кошаркарска репрезентација се пласираше во четврт-финалето на Мундијалот во Кина откако стигна до 69:53 (19:17, 19:8, 16:12, 15:16) победа над Грција во меч во кој заврши со турканица и без ракување на двата тима.

Американските кошаркари, посебно Џејлен Браун, беа супер-лути на грубиот фаул во финишот на Танасис Адетокумбо над Херисон Барнс, по што мечот заврши без ракување.

Инаку во текот на мечот, Американците постојано беа во предност во дуел во кој одбраната беше поважна, и на крајот стигнаа до лесна победа, четврта на шампионатот.  Кемба Вокер имаше 15 поени и 6 асистенции, Донован Мичел 10 поени и 5 скока, додека за Грците, Јанис Адетокумбо имаше 15 поени и 13 скока.

На Грците сега ќе им биде потребна победа од над 13 поени разлика над Чешка за да се пласираат во четврт-финалето.

Претходно, Франција го изддржа кам-бекот на Литванија во второто полувреме за да остане непоразена и да се пласира во четврт-финалето со 78:75 победа одлучена во последната секунда.

Утнатото слободно фрлања на Јонас Валанчиунас (18 поени) и одличната дефанзивна игра на Ендру Албиси му даде шанса на Нандо де Коло (21 поени) да донесе предност од три поени на 15 секунди пред крајот. Еван Фурние повторно беше одличен за Французите со 24 поени и 3 асистенции. Франција ќе игра со Австралија во понеделник за првото место во групата Л.

ГРУПА Л

Австралија – Доминиканска Република 82:76 (24:19, 16:19, 17:14, 25:24)

Франција – Литванија 78:75 (26:14, 24:26, 15:14, 13:21)

Табела: 1.Австралија 8, 2.Франција 8, 3.Доминиканска Република 6, 4.Литванија 6

ГРУПА К

Бразил – Чешка Република 71:93 (16:20, 16:25, 14:20, 25:28)

САД – Грција 69:53 (19:17, 19:8, 16:12, 15:16)

Табела: 1.САД 8, 2.Чешка Р. 7, 3.Бразил 7, 4.Грција 6

Scroll to Top