Ромелу Лукаку не е „добар играч, но не од светска класа“, вели поранешниот тренер на Милан, Фабио Капело, додавајќи дека големата „фама“ која ја прават во Интер не е оправдана.
„Нераѕурите“ платија 80 милиони евра за да го донесат белгискиот напаѓач од Манчестер јунајтед, откако цело лето го „ловеа“ и тој имаше многу добар старт со два гола во два настапи. 26-годишниот Лукаку има моќ на теренот, но Капело вели дека тоа е „само просек“.
„Лукаку е добар фудбалер со добро движење. Постигна два гола, но едниот беше од пенал, а другиот поради грешка на голманот. Корисен е на теренот, но далеку е од светска класа“, вели Капело.
Тој сепак, повеќе очекува од поранешниот колега на Лукаку, Алексис Санчез, кому ќе му одговара играњето во Италија.
„Санчез има квалитет и може да направи разлика на теренот ако го сака тоа. Тој трансфер е сличен како на тој на Франк Рибери со Фиорентина, може да се искористи тоа“, додава Капело.