Top Sport

Хамилтон: Ферари намерно направија хаотичен крај на квалификациите

Освојувачот на пол-позицијата на Италијанското ГП, Шарл Леклер ги отфрли обвинувањата на Луис Хамилтон дека Ферари намерно го предизвикале хаотичниот крај на квалификациите за Италијанското ГП во Монца, во кој повеќето возачи не успеаја да постават конечен круг.

Бидејќи никој од деветте преостанати возачи во сесијата не сакаше да го „предводи возот“ и да вози без „слипстрим“ од ривалите, само Леклер и Карлос Саинс Јуниор успеаја да постават последен круг пред крајот на сесијата.

Леклер стигна до пол-позицијата благодарение на помошта на Себастијан Фетел, и Хамилтон изјави дека Ферари ги натерале другите во „тајмаут“. Леклер не се согласува.

„Тоа не беше намерно од наша страна. Можеше и Себ да ја освои пол-позицијата  и не сакавме да жртвуваме еден болид за другиот. Беше незгодно и вакви ситуации не треба да се случуваат, кога има два болиди еден до друг кои возат 20 км/ч и не можеш да ги поминеш. Да бидам искрен, планот беше Себ да ми помогне прво мене во кругот, а потоа јас на него. Штета што не успеавме за Себ, но тоа е тоа“, вели Леклер.

Лудница во Монца! Леклер ќе стартува од пол-позицијата

Scroll to Top