Рускиот ММА фајтер, Муслим Салихов, кој инаку е петкратен светски шампион во вушу санда, ја воодушеви публиката на УФЦ 242 во Абу Даби со нокаут над Нордин Талеб во првата рунда како подготовка за главното шоу вечерва, мега-пресметката на Хабиб Нурмагомедов со Дастин Поариер.
Иако на Талеб ова му беше дури 12 УФЦ меч, тој почетнички налета на силната десница на Салихов, која го прати Французинот во несевест на подот. Судијата веднаш го прекина мечот.
Ова е втора победа во низа за Салихов во УФЦ кафезот. Инаку, Салихов, исто како Нурмагомедов доаѓа од руската република Дагестан.
Everybody was Kung Fu fighting! ?
⚡️ Salikhov flashes the lightning fast hands at #UFC242!!! pic.twitter.com/7mV00kukCm
— UFC (@ufc) September 7, 2019