Top Sport

СЕХА: Веспрем со убедлива победа над Загреб

Унгарскиот гигант Веспрем уште еднаш покажа дека е конкурент за титулата во Газпром СЕХА лигата, откако во вториот денешен меч со високи 36:28 го совлада тимот на ППД Загреб.

До втората победа во регионалното натпреварување, тимот на Давид Дејвис стигна убедливо, откако по израмнетата игра во првите 15 минути ја презеде контролата и на полувреме отиде со два гола предност (17:15). Во второто полувреме се покажа силата на унгарскиот шампион, кој успеа да се одвои и да стигне до втора победа во вториот меч за да остане сам на првото место во групата Б.

Блаж Благотиншек и Мануел Штрлек дадоа по пет гола за Веспрем, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков запиша четири гола од пет обиди. За гостите најдобар на теренот беше Матеј Хрстиќ со пет постигнати голови.

Фото: СЕХА

Scroll to Top