Давид де Хеа не е подготвен да потпише нов договор со Манчестер јунајтед и ќе си замине како слободен играч, тврди британскиот „Сан“.
Јунајтед му понудиле на 28-годишниот шпански репрезентативец нов договор во текот на летото, но тој постојано одбива да го потпише, бидејќи една од клаузулите е намалување на платата за 25 отсто доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите, како оваа сезона, иако платата би му била фантастични 350.000 фунти неделно.
Бидејќи неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Де Хеа може уште во јануари да склучи пред-договор со друг клуб. Де Хеа не беше во најдобра форма минатата сезона по што го загуби и првото место во шпанската репрезентација од Кепа Аризабалага.
David De Gea set to leave on free transfer next summerhttps://t.co/RNydqKy0WP pic.twitter.com/IgyWuz7BAD
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 7, 2019