Top Sport

„Гаучосите“ ја декласираа Полска за прво место во групата

Аргентина го освои првото место во групата И на Светското првенство во Кина, откако ја декласираше репрезентацијата на Полска со 91:65, така што го „избра“ поразениот од дуелот меѓу Шпанија-Србија во четврт-финалето.

„Гаучосите“ од стартот покажаа дека одат на победа и направија предност од шест поени по првата четвртина (14:20), додека на полувреме веќе имаа високи 42:27. На крајот, Полјаците немаа шанси да се вратат во игра и Аргентина стигна до убедлива победа.

Луис Скола со 21 поен беше лидер на Аргентинците, додека за Полска најефикасен беше Еј Џеј Слотер со 16 поени.

ГРУПА И

Венецуела – Русија 60:69 (10:13, 17:14, 15:21, 18:21)

Полска – Аргентина 65:91 (14:20, 13:22, 14:28, 24:21)

Табела: 1.Аргентина 10, 2.Полска 9, 3.Русија 8, 4.Венецуела 7

Scroll to Top