Мануел Нојер вели дека ќе се повлече од фудбалот кога ќе почувствува дека веќе не им е потребен на Баерн Минхен и на германската репрезентација, одговарајќи на новите шпекулации дека е блиску до крајот.
33-годишниот Нојер се мачеше со повреди и имаше долги паузи во последните неколку години, но останува прв избор и во клубот и во репрезентацијата, и ја носи капитенската лента. Нојер, кој има 89 настапи за Германија и 340 настапи за Баерн (од 2011 година), вели дека уште ужива во фудбалот и верува дека има причина зошто е во тимот.
„Кога веќе нема да им бидам потребен и ќе го почуствувам тоа, ќе биде тешко да се мотивирам да продолжан. Кога искуството им е потребно на твоите соиграчи, тогаш не можеш да сопреш. Имам чувство дека сум потребен и во Баерн и во репрезентацијата и дека тие се задоволни што сум тука и затоа морам да ја докажам таа доверба. Го сакам овој спорт и ме возбудува многу кога сум на теренот и во мечевите. Уште е исто како пред 10 години“, вели Нојер во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.