Шарл Леклер стигна до својата втора победа во кариерата, само една недела по деби-триумфот во Спа Франкоршамп, изддржувајќи ги нападите на возачите на Мерцедес на домашната патека на Ферари, Монца за прв триумф на патеката на „коњчето“ од 2010 година.

Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата, во вториот дел од трката се најде под притисок прво на Луис Хамилтон, а потоа и на неговиот колега Валтери Ботас откако Хамилтон направи една грешка, но на крајот изддржа за да покаже дека е возачот кого навивачите на Ферари го чекаат толку долго. Ботас на крајот заврши на второто место, додека Хамилтон беше трет.

Младиот возач од Монако неколку пати оваа сезона беше блиску до првото место, но сега со победите на две „класични“ трки во шампионатот, покажа дека има квалитет за борба со најдобрите, со што уште еднаш се докажа дека почетната тактика на Ферари да му дадат предност на Себастијан Фетел во трките.

Хамилтон освои дополнителниот поен со најбрзиот круг, но неговата предност во генерален пласман е недостижна. Ботас останува втор пред Макс Ферстапен со 185, само два повеќе од Леклер (182), кој сега е пред Фетел во генерален пласман (169).

Во топ 10 беа и Даниел Рикардо во Рено пред  Нико Хилкенберг, Александер Албон, Серхио Перез, Макс Ферстапен (кој стартуваше од последното место), Антонио Џовинаци и Лендо Норис, додека Себастијан Фетел беше само 13-ти откако доби казна од влегување во боксот поради нелегалниот потег и судирот со Ленс Строл во Рејсинг поинт.