Серена Вилијамс би требало да се врати на тениските терени на Австралија опен, вели директорот на турнирот, Крег Тајли.
36-годишната Американка нема играно по освојувањето на минатогодишниот турнир во Мелбурн, кога беше бремена со своето прво дете. Во септември таа ја доби ќеркичката Алексис, но и продолжи со тренинзи во подготовки за кам-бек во 2018 година.
Според Тајли, 23-кратната гренд слем шампионка се пријавила на турнирот, каде што ќе се обиде да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 гренд слем титули во сингл.
„Таа веќе има виза, е во списокот на турнирот, тренира и најверојатно само ќе има потреба да има повеќе место за багаж и повеќе гости. Не се сомневам дека ќе биде подготвена“, вели Тајли.