Top Sport

Хамилтон: Нема изговор Ф2 да е подобра од Ф1!

Светскиот шампион Луис Хамилтон вели дека не може да се најде изговор зошто Формула 1 болидите да звучат полошо и да носат послабо тркање од машините во Формула 2 серијата.

Возачот на Мерцедес, кој е четирикратен светски шампион, вели дека сака да види погласни мотори, поголеми гуми и поголема можност да се следи болидот пред него, откако статистиката покажа дека во 2017 имало речиси двојно помалку претекнувања од 2016.

„Од позиција на возач, сакате да бидете во можност да се тркате блиску како во картинг-трките. Тоа е најчистат форма на тркање, бидејќи сите се толку блиску. Болидите оваа година се најдобри кои сум ги возел досега, а мислам дека Рос Браун и Чејс Кери работат следната генерација во 2021 да бидат уште подобри и посурови. Мора да имаме погласни мотори. Поголеми гуми. Можеби помала потисна сила да можеме да се тркаме. Не ми се верува дека Ф2 или ГП2, како се вика сега, да има подобро тркање од врвот“, изјави Хамилтон.

Британецот исто така вели дека Ф1 останува зад другите спортови како американскиот фудбал во глобалното ширење, но вели дека новите сопственици на Ф1 сакаат да се обидат со нови работи.

„Секој има свое мислење. Не е тоа што јас го посакувам, но факт е дека Ф1 заостанува зад другите спортови. Ова е толку посебен спорт. Ако погледнете на НФЛ, на фудбалот, тоа се спортови кои имаат глобален дофат. Формула 1 има можност да биде толку голем спорт“, додава Хамилтон.

Речиси двојно помалку претекнувања во Ф1 оваа сезона (видео)

Scroll to Top