Откако во драматичното финале ја освои титулата на Ју-Ес опен, Рафаел Надал ја намали разликата во однос на лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, на само 640 бода. Сега се поставува само прашањето кога Шпанецот ќе се искачи на челната позиција.
Ѓоковиќ остана без многу бодови на Ју-Ес опен откако поради повреда го предаде четврт-финалниот меч. Тој и понатаму е прв со 9.865 бода, но Надал му „дише во вратот“.
До крајот на сезоната Шпанецот е во многу поволна позиција бидејќи не брани ниту еден поен. Надал минатата година го пропушти завршниот дел од сезоната поради повреда.
Ѓоковиќ до крајот на сезоната, доколку воопшто игра, треба да ја брани титулата на Мастерсот во Шангај (1.000 бодови), односно финалињата во на Мастерсот во Париз (600 бодови) и завршниот Мастерс во Лондон (1.100 бодови).
Надал последен пат бил број 1 на 4 ноември 2018 година, а во кариерата на првото место на АТП-листата бил вкупно 196 недели.
Досега Џими Конорс, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ пет пати ја завршувале годината како најдобри, а Надал се наоѓа на вистинскиот пат да ми се приклучи, бидејќи досега четири пати бил број 1 на крајот од годината.
Рекордер во оваа категорија е Пит Сампрас, кој низ кариерата шест пати бил прв на АТП-листата по завршувањето на сезоната.