Top Sport

Јувентус се подготвени да преговораат за Де Хеа

Челниците на Јувентус биле подготвени да започнат преговори со Манчестер Јунајтед околу трансферот на голманот Давид Де Хеа, тврдат британските медиуми.

Де Хеа долго преговара со клубот околу продолжување на договорот, меѓутоа двете страни никако не можат да најдат „заеднички јазик“, што го доведува под знак прашање останувањето на Шпанецот на „Олд Трафорд“. Де Хеа наредното лето би можел да го напушти клубот.

Поради тоа челниците на „старата дама“ биле подготвени во јануари да ги отворат преговорите со колегите од Јунајтед. Доколку во наредните месеци Де Хеа и Јунајтед не се договорат многу е веројатно дека двете страни ќе ги отворат преговорите.

Резерва на Де Хеа во Јунајтед му е Аргентинецот Серхио Ромеро, додека прв голман на Јувентус е Војчех Шчесни, а негова алтернатива е ветеранот Џиџи Буфон кој ја игра својата последна сезона.

Scroll to Top