Македонската фудбалска репрезентација сигурно чекори кон победата во Рига против Латвија. По првото полувреме, во шестото коло во Г-групата, Македонија води со 2-0.
Офанзивната определба на селекторот Игор Ангеловски со Трајковски, Тричковски и Пандев на теренот вроди со плод уште во првите 20 минути. Во интервал од три минути македонските фудбалери два пати го совладаа Ванинс.
Првата шанса на мечот ја имаше Тричковски, чии удар успеа да го одбрани летонскиот голман. Пет минути подоцна одлична акција на нашите фудбалери по левата страна Елмас и Барди разменија додавања, фудбалерот на Наполи влезе во шеснаесетникот на латвија со приземна топка го проигра Пандев кој постигна гол.
Ова е прв гол за капитенот во овој квалификациски циклус, а вкупно 34 во 105 настап за Македонија.
Три минути подоцна одново Елмас беше зачетник на акцијата, а потоа на одбиената топка натрча Барди и од 18 метри стрелаше прецизно.
До крајот на полувремето Елмас имаше две можности да го зголеми резултатот меѓутоа ударот во 31 минута беше непрецизен, а во 34 минута Ванинс успеа да одбрани.
„Мртва шанса“ во 42 минута имаше Пандев, излезе сам пред голманот Внинс но не успеа да ја префрли топката прегу голманот на Летонија.