Top Sport

Голманот на Курасао пронајден мртов во хотелската соба

Голамнот на фудбалската репрезентација на Курасао Жарзињо Питер (31) бил пронајден мртов утрово хотелската соба во Хаити.

Според првичните информации репрезентацијата на Курасао пристигнала на Хаити во неделата кога голманот се пожалил дека е болен. Бил на лекарски преглед, а потоа заминал во својата соба на спиење. Утрово бил пронајден мртов.

Причините за смртта не се познати.

Репрезентацијата на Курасао на Хаити треба да го одигра натпреварот од второто коло во Лигата на нации на КОНКАКАВ зоната. Првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации се одигра во саботата и заврши со победа на Курасао 1-0.

Scroll to Top