Синоќа во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 во Глазгов играа Шкотска и Белгија. Пред мечот, репрезентативецот на Белгија, Јури Тилеманс помалку и потценувачки изјавил дека „Шкотска е на исто ниво со Сан Марино“.
Шкотите биле навредени од ваквата изјава, дека Шкотска не може никако да се споредува со Сан Марино, но прогнозата на Тилеманс била точна.
Пред неколку дена Белгија со 4-0 славеше во Сан Марино, а синоќа со истиот резултат победи во Глазгов. Белгија против Шкотска ја забележа шестата победа во квалификациите и речиси си го обезбеди пласманот на ЕУРО 2020.