Луис Суарез и Лионел Меси, ѕвездите на Барселона и понатаму не тренираат со останатите соиграчи туку работат под посебен режим. Двајцата напаѓачи се повредени, Меси не одиграл ниту еден натпревар од почетокот на сезоната, додека Суарез се повреди во мечот од првото коло против Атлетик Билбао.
Иако двајцата најважни играчи во нападот на Барселона не тренираат со остатокот од тимот, во клубот се оптимисти дека тие ќе можат да бидат во конкуренција за натпреварот со Валенсија, в сабота на „Ноу Камп“.
Колку и да е оптимист тренерот Ернесто Валверде е сигурен дека Меси и Суарез, доколку се рехабилитираат од повредите, ќе можат да добијат само одреден минутажа.
За Валверде е важно тандемот да биде подготвен за дуелот со Борусија Дортмунд во првото коло, во Лигата на шампионите.
„АС“ пишува дека Меси сигурно ќе добие одредени минути против Валенсија и дека ќе биде стартер против Борусија Дортмунд, а истото важи и за Суарез.