Top Sport

Подготвен нов договор за Ван Дајк

Челниците на Ливерпул имаат намера да го продолжат договор со Вирџил Ван Дајк, објави „Ливерпул Ехо“.

Клубот на холанскиот репрезентативец од клубот му понудил плата од 11,6 милиони евра годишно. Доколку ја прифати понудата најдобриот играч во Лигата на шампионите, во минатата сезона, ќе стане еден од најплатените играчи на Ливерпул.

Ван Дајк (28) во јануари 2018 од Саутемптон пристигна на „Енфилд“ за сума од 84,6 евра и до неодамна беше најскапиот одбранбен играч во светот.

Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул истекува во јуни 2023 година.

Scroll to Top