Јувентус издвојува најмногу за плати во Серија А, а Кристијано Роналдо е водечки во тој сегмент во Италија. Според објавените податоци Португалецот годишно од Јувентус добива 31 милиони евра.
На оваа листа во првите пет, четворица се играчи на Јувентус Матијас Де Лихт (8 милиони евра), Гонзало Игуаин (7,5 милиони евра) и Паоло Дибала (7,3 милиони евра). Просекот на Јувентус му го расипа новиот напаѓач на интер Ромелу Лукаку кој има годишна плата од 7,5 милиони евра.
Јувентус на годишно ниво, за платите на своите фудбалери издвојува 294 милиони евра.
Објавени се податоците и за тројцата Македонци кои играат во Серија А. Милионски износ годишно добива само новиот играч на Наполи, Елиф Елмас (1,5 милиони евра). Илија Несторовски кој летово пристигна во Удинезе има годишна плата од 600.000 евра, додека ветеранот Горан Пандев во Џенова игра за 350.000 евра на годишно ниво.