Top Sport

„Росонерите“ со специјален подарок за 100-годишната Инес, за нејзиниот роденден

Италијанкаата Инес наполни 100-години, а најубавиот подарок за нејзиниот јубилен роденден стигна од екипата на Милан. Од клубот и испратија оригинален дрес со нејзиното има на него и со бројката 100. На дресот се најдоа и потписите на сите играчи на клубот од „Сан Сиро“.

Инес е навивачка на „Росонерите“ од нејзината 18.година.

„Момчиња, играјте добро, направете ме горда. Сакам да им се заблагодарам на сите што го потпишале дресот. Мој мил Милан, те сакам многу“ – вели Инес со подарокот.

Прашана кои се нејзините омилени фудбалери во „црвено-црниот“ дрес таа ги издвои Марко ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкард, Паоло Малдини, Франко Барези, Алесандро Костакурта и Џенаро Гатузо.

Scroll to Top