Елиминацијата на Србија во четврт-финалето на Мундијалот од Аргентина одекна како вистинска сензација во Кина, и нормално по амбициите за златен медал и фалањето со доминација, следува враќањето во реалноста, и селекторот Александар Ѓорѓевиќ го прифаќа тоа.
На крајот, првиот фаворит ќе игра за 5-8 место на шампионатот, и Ѓорѓевиќ признава дека „вака не се игра кошарка“.
„Скола пред година дена ми кажа – ќе играме полуфинале. Зборував за истото и кога победувавме – кошарката мора да се игра на вистински начин. Не постои друг, освен тој со кој тренираш и со кој излегуваш на терен. Некои работи можевме да ги најдеме во подобра соработка, како што видовме кај Аргентинците. Од почетокот се случија некои работи. Го немавме капитенот Теодосиќ и Гаги Милосављевиќ, играчи кои знаат да ги играат овие натпревари. Не треба да го обвинуваме Бјелица, тој е голем спортист и голем играч. Сите се виновни за ова, јас на прво место. Како група знаеме да излеземе од оваа ситуација и тоа е целта“, изјави Ѓорѓевиќ.