Косовската фудбалска репрезентација изненадува со своите фантастични игри и со серијата на мечеви без пораз (која трае од 2017 година), и на „Сент Мери“ во Саутемптон успеа да ги изненади фаворизираните Англичани уште во првата минута, но „балансот“ се врати откако Англија до 20-тата минута дојде до 2:1 водство, a на полувреме отиде со 5:1.
Ваљон Бериша во самиот старт на натпреварот донесе водство за Косовците, но Рахим Стерлинг веќе во осмата минута израмни на 1:1, пред Хери Кејн во 19. минута да постигне гол за водство на тимот на Герет Саутгејт. До полувремето во голот на гостите имаше 5 гола, Војвода си постигна автогол, па надежта на англискиот фудбал, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд додаде два гола.