Челниците на европскиот шампион Ливерпул, во наредниот период, планираат да ги продолжат договорите со неколкумина играчи со цел да го задржат на „Енфилд“ костурот на екипата.
„Експрес“ пишува дека најпрвин нов договор ќе добие Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот треба да добие значително зголемување на платата, односно годишно ќе заработува 11 милиони евра.
Исто така нов договор ќе му бил понуден и на партнерот на ван Дајк од одбраната, Жоел Матип.
Исто така двајца важни играчи од редот за врска наскоро ќе потпишат нови договори, тоа се ветеранот Џејмс Милнер и Жоржињо Вајналдум
Со најголемите ѕвезди Салах, Фирмино, Мане Ливерпул потпиша нови договори на почетокот на годината.