Лидерот на Барселона, Лионел Меси, изјавил дека не побарал од клупските челници да го вратат Нејмар.
Бразилецот во летниот преоден рок изрази желба да се врати во Барселона, меѓутоа условите што ги поставија од ПСЖ неа преголеми за челниците на клубот од „Ноу Камп“.
„Не знам дали Барселона направиле се за да го вратат Нејмар, сигурен сум само дека преговори со ПСЖ не се лесни. Би сакал Нејмар повторно да биде во нашиот клуб. Спортски гледано тој е еден од најдобрите во светот“, рекол Меси и дополнил.
„Јас лично никогаш не сум барал да го потпишеме Нејмар. Се што направив е тоа што го дадов своето мислење кога ме прашаа. Не сум разочаран што не се врати. Барселона има импресивен тим кој може да се бори за сите трофеи дури и без Нејмар“.
Договорот на Нејмар со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година што значи дека е можно ПСЖ да го продадат Бразилецот во јануари или најдоцна наредното лето.